Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Храна за зголемување на сексуалната желба

Во долгите врски падот на интересот за секс не е ништо невообичаено, но проблемот понекогаш може ефикасно да се реши и со вистинскиот избор на намирници. Но, не грижете се, можете да поминете прилично ефтино.

„Многу жени чувствуваат пад на интересот за секс од време на време, посебно кога се во долги врски. Ниското либидо е едено од највообичаените сексуални проблеми“ – објаснува сексуалниот експерт и психосексуален специјалист д-р Кетрин Худ.

„Поголемиот број од паровите го губи тоа чувство, бидејќи времето посветено еден на друг не го поставуваат како приоритет. Поминувајте време заедно, уживајте во заедничкото друштво и така ќе ја засилите вашата врска. Запалете свеќи, отворете шише вино и уживајте во романтичната вечера“ – советува д-р Худ.

А уште па ако главниот готвач е партнерот, жената сигурно нема да остане рамнодушна. Но, не застанувајте само со романтична вечера. Следете што јадете во текот на неделата и видете каде можете да вметнете понекоја состојка која што ја зголемува желбата за секс.

За волшебен допир

Ако сакате да Ви поминат морници од неговоте допири, јадете ѓумбир, салати, брокула, спанаќ, прокељ, сладок компир, боровници, црно вино, јаткасти плодови (бадеми, ореви, исндиски оревчиња), семки од тиква и чили. Сите овие намирници го поттикнуват кардио-васкуларниот и ја подобруваат циркулацијата, а така Вие ќе бидете почувствителни на допир. Чилито исто така ги стимулира нервните завршетоци.

Храна за подобро расположение

Боровниците се полни со антиоксиданси кои ја зголемуваат издржливоста, а така ја продолжуваат и Вашата забава. Зошто да не си ставите канче во спалната соба и да се храните еден со друг?

Дали знаевте дека бананите се афродизијак?! Преполни се со калиум и витамин Б, кои помагаат при производството на полови хормони.
Забавно е и да си играте со нивниот облик за да го расположите Вашит партнер.

Чоколадото богато со какао (60-70%) содржи фенилетиламин, хемиско соединение кое нашиот организам го произведува кога сме заљубени. Треба ли да објаснуваме повеќе?

Медот ќе му помогне на Вашето тело целосно да ги искористи половите хормони, бидејќи содржи бор и витамин Б.

Сега знаете што треба да јадете… уживајте!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement