Иако новата година е „стара“ само 26 дена, критичарите веќе го избраа нивниот „најлош филм во 2015 година“.
Според пишувањето на „Хафингтон Пост“, филмот „Мортдекај“ е „психотично најсмешна антикомедија со Џони Деп“, а тој уште полошо минува и на други места. На „Ротен Томато“ моментно е на десеттото место меѓу десетте најлоши филмови од минатата година.
Тука се и најлошите коментари на критичарите:
– „Лошото“ се надви над публиката како нуклеарен пепел – Дејвид Еделстајн (Њујорк Тајмс).
– Деп е неподнослив – Стивен Вити (Њуарк Стар).
– Деп има направено многу подобри работи од ова заборавено парче на ниската уметност од некој подрум – Брајан Труит (Ју-Ес-Еј Тудеј).
– „Мортдекај“ е страшен, смртен грев во форма на филм, кој е подготвен за филма мртовечница – Кајли Смит (Њујорк Пост).
– Оваа фаза без шарм завршува како уште една црна дамка во низата на Деп во последно време – Стивен Салтон (Холивуд Репотер).
– Џони Деп направи толку многу за нас. Му возвраќаме и се правиме дека „Мортдекај“; кој е загрижувачки погрешна проценка од дното на неговата кариерата, никогаш не се случил – Елизабет Витцман (Њујорк Дејли Њуз).
– Неверојатен хаос – Џон Лиус (ХејЈуГајс).
Режисер на филмот е Дејвид Коп, а во него освен Деп се појавуваат и ѕвездите Гвинет Полтроу, Пол Бетани, Јуан Мекгрегор и Оливија Мун.

You must be logged in to post a comment Login