Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Преболете го бившиот во 5 чекори

Да сакате некој кој повеќе не ви ја возвраќа љубовта е дефинитно едно од најлошите чувства на светот. За време на прекинувањето можеби и двајцате се согласувате дека врската не може да продолжи понатаму, но тоа не значи дека и лесно ќе ја преболите таа личност.

Едноставно, не вреди да се навраќате на нешто што само ќе ве повреди и нема да ви дозволи да продолжите понатаму. Затоа, ние ќе ви помогнеме да го преболите бившиот партнер со 5 едноставни совети.

 

1. Во ред е да се плаче

Чувството кое ве обзема после прекинот на врската е ужасно, без сомневање. Но, не мислете дека ќе бидете смешни доколку агресивноста, тагата, и негирањето излезат на виделина. Тие се сосема нормални чувства. Наместо да ги игнорирате, исплачете се, викајте хистерично, испијте неколку чаши вино, што било што ќе направи да се чувствувате подобро.

 

2. Не измачувајте се себеси

Проблемот во раскинувањето е дека можеби никогаш нема да ги најдете одговорите кои ги барате. Можеби ќе смислувате милион различни ситуации за тоа зошто ви го скршил срцето, на пример затоа што бил премногу зафатен со работата, или пак му треба свој простор.  Не трошете го залудно вашето време со креирање на вакви ситуации во вашата глава. Соочете се, и продолжете понатаму.

 

3. Далеку од дофат

Најдобриот начин да преболите некој е да се обидете да го живеете животот нормално, без притоа да се потсетувате на него. Тоа значи дека треба да прекинете секаков контакт со него. Исто така, фрлете ги сите работи кои ве потсетуваат на него, вклучувајќи ја и сликата која ја чувавте во паричникот. Доколку немате храброст да ги фрлите работите, тогаш ставете ги во некоја кутија, која ќе ја ставите на некое место далеку од дофат.

 

4. Откријте ја повторно вашата сингл страна

Време е за вашата нова фризура, која вие толку ја посакувавте, а нему едноставно не му се допаѓаше. Одете на шопинг и правете ги работите кои ги сакате, а претходно не сте можеле. Почнете да велите „да“ на некоја понуда од спротивниот пол и забавувајте се.

 

5. Дајте му време на времето

Оваа фраза можеби веќе стана клише, но морате да признаете дека е вистинита. Едноставно, тоа е најлесниот начин да преболите некој. Игнорирајте ги советите од вашите пријатели кои само ќе ви одмогнат, и посветете си време на самите себе. Доколку сакате некое време да одморите од личности од спротивниот пол, тогаш така и нека биде. Единствената личност која може да направи да се чувствувате подобро, сте токму вие!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement