Ако не се пронајдете во барем 5 од овие 10 потточки, веројатно е време да побарате нова можност и ново работно место.
1. Се будите со ентузијазам – Ако ја сакате својата работа, наутро ќе се будите полни со енергија и ентузијазам за новиот почеток на денот.
2. Се радувате на предизвиците – Се што ќе ви донесе новиот ден го прифаќате со задоволство и се впуштате во новите задачи.
3. Среќни сте – Постојат луѓе кои штом зачекорат во канцеларијата, таа се исполнува со позитивна енергија. Дали вие сте такви?
4. Времето ви лета – Ако имате впечаток дека времето брзо ви поминува и за разлика од другите ретко погледнувате во часовникот, бидете сигурни дека сте на вистинското работно место.
5. Сакате да поминувате време на работа – Семејството и пријателите можеби не ве разбираат, но вие сакате да бидете во канцеларија. Најдобро се чувствувате кога работите…
6. Нестрпливо ги чекате новите проекти – И за промена, не се натпреварувате со другите додека ги извршувате.
7. Оптимисти сте – Ако роковите се близу, сигурно сите колеги се нервозни. Сепак, изгледа само вие знаете како да ги расположите и да ги убедите дека се ќе биде во ред.
8. Целите на компанијата ги гледате како лични – Добар знак е ако постигнувањето на целите ви е задоволство. Тоа ќе ве исполни и на личен план.
9. Секогаш стоите на располагање – Додека некои колеги се зафатени и недостапни, вие секогаш сте задоволни со тоа што можете да помогнете во секој момент.
10. Позитивата се шири и на приватен живот – Луѓето кои ја сакаат својата работа имаат исполнет живот и надвор од неа.

You must be logged in to post a comment Login