Состојки:
-200 гр. тестенини
-200 гр. моцарела
-150 гр. мортадела
-200 гр. кечап
-2 домати
-1 пиперка
-2 лажици маслиново масло
-50 гр. маслинки без семка
-оригано, сол
-мешан зачин, бибер
Подготовка:
1.Тестенините сварете ги во солена вода.
2.Пиперката исечете ја на тенки стапчиња, доматот на мали коцки, маслинките и моцарелата на кругови, а мортаделата на ленти.
3.Посебно соеднинете го кечапот, ориганото и зачинете по вкус.
4.Во поголем сад соединете ги тестенините, моцарелата, доматот, пиперката и мортаделата. Прелијте ги со подготвениот сос и полека измешајте.

You must be logged in to post a comment Login