Бакнувањето помага на партнерите да споделат бактерии, што го зајакнува нивниот имунолошки систем и им помага полесно да ги пребродат болестите, тврдат научниците.
За време на бакнеж, кој трае само 10 секунди, се разменуваат 80 милиони бактерии, велат холандски биолози, пишува “Дејли Меил”.Споделувањето на овие бактерии значи дека и двајцата партнери можат да се борат со инфекциите кои можат да си ги предадат еден на друг.
Луѓето пренесуваат трилиони бактерии во своето тело. Собрани заедно овие микроорганизми формираат микробиоти. Тоа е комплекс од микроби, кој имаат важна улога за варењето на храната и заштитата од инфекции.
Ремко Кортни од Холандската организација за применети научни истражувања рече дека неговиот тим открил еволутивна причина луѓето да се бакнуваат. Откако истражувале 21 парови, тие откриле дека бакнежите придонесуваат за создавање на заедничка микробиоти.”Бакнежи со јазик и размена на плунка се единствени за луѓето и се среќаваат меѓу 90% од културите во светот. Сегашните објаснувања за функциите на бакнежите со јазик имаат важна улога за микробиотатите во усната шуплина, иако можеби не се спроведени истражувања на ефектите од бакнежите со јазик за усниот микробиот “, вели тој.
Паровите кои се бакнуваат со јазик по 9 пати на ден, имаат многу сличен микробиот. Тоа значи дека тие се многу подобро подготвени да се справат со инфекции.

You must be logged in to post a comment Login