Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Едноставни трикови кој ќе ви помогнат полесно да најдете работа

Директорот на човекови ресурси на најпосакуваната компанија за работа, Гугл  Ласко Бок секоја недела вработува 100 нови луѓе. Во интервјуто за еден познат американски весник ги сподели методите кои ги користи при оценување на кандидатите и истакна што морате да направите за да му се допаднете на работодавечот.

Треба да знете се што знаете – Супер е ако имате диплома но немојте, како што многумина прават, да го истакнувате факултетот кој сте го завршиле туку тоа што знаете да го направите со своето знаење.

Бидете трпеливи – Немојте никогаш да идете по полесниот пат, сите ги сакаат луѓе кои се способни за предизвици. Ласко вели дека е многу подобро да имате помала оценка на завршетокот на студиите за компјутерски науки, отколку поголема оцена на студиите за англиски јазик.

Бидете запознаени со основата – Првата работа која човековите ресурси во компанијата Гугл ја тестираат е основата на конгинитивните способности за учење и решавање на новите проблеми. Доколку сте способни за учење нови работи и лесно ги совладувате, не морате да се правите дека во се се разбирате.

Креативноста е во ред, но не е доволна – Луѓето се по природа креативни, но доколку не ги споите креативното и логичното сигурно нема да се издвојувате од другите. Морате  да ја разбирате економијата и психологијата или статистиката и физиката и да ги споите заедно.

Трик за ‘’убиствено’’ CV – Големиот број на луѓе ќе напишат ‘’Пишував статии за Њујорк Тајмс’’. Подобро е да напишете ‘’Во претходните три години напишав 50 статии во споредба со просечните 20 кои ги пишуваат останатите новинари, што е резултат на моето интересирање за одредената тема’’.

Кажете го тоа што го мислите – Финалниот трик на интервјуто за разговорот е вашите мисли да бидат кристално јасни така што ќе ги изговорите. Поголемит број на луѓе не го кажуваат тоа што го мислат, бидејки сметаат дека со тоа ќе остават лош впечаток. Ако своите мисли ги кажете јасно, работодавачот ќе го увиди вашиот карактер, концизност, а тоа ќе придонесе да се истакнете.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement