Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Црвениот кромид е мелем за вашето срце

Црвениот кромид делува на кардиоваскуларниот систем, ја регулира количината холестерол и триглицриди, а влијае и на подобрување на имунитетот.

Иако може да предизвика проблем поради непријатниот мирис кој го создава, треба да знаете дека е исклучително добар за вашето здравје, а посебно лековито делува на срцето, т.е. на целиот кардиоваскуларен систем.

Се покажало дека ја смалува количината на холестерол и триглецириди, и ја зајакнува мембраната на ќелиите на црвените крвни зрнца. Поради тие карактеристики, помага во превенција од срцев удар.

Студиите покажале и дека црвениот кромид може да ја подобри и густината на коските, па поради тоа е поседно добар за жените во менопауза. Покрај тоа, кај жените кои го поминале периодот на менопауза, а секојдневно конзумираат црвен кромид, се помали шансите за скршеници на коските.

Исто така, утврдено е дека овој вод на кромид  има противвоспалително дејство. Сулфурните молекули кои се наоѓаат во него, ја подобруваат активноста на специфичните бели крвни зрнца кои имаат важна улога во имуниот систем. Овој вид на зеленчук содржи и антиоксиданси кои спречуваат оксидација на масните киселини во телото и на овој начин ги држат сите воспаленија под контрола.

Студиите покажуваат и дека црвениот кромид го намалува и ризикот од неколку видови рак, дури и да се конзумира во помали количини. Може да го намали ризикот од појава на рак на дебело црево и јајници.

Останати добробити на црвениот кромид: ја подобрува рамнотежата на шеќер во крвта, спречува бактериски инфекции, содржи витамини А, Ц и Е кои се многу добри антиоксиданси.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement