Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Фусили со сос од маслинки

Состојки:

500 гр фусили (макарони, шпагети…)

200-300 гр маслинки (исечкани)

1-2 главици кромид (помали)

3-4 чешниња лук

1-2 ловорови ливчиња

500 мл доматен сос

малку свеж магдонос (ситно исечкан)

1/2 кафена лажичка нане

малку морско оревче

1/2 супена лажица шеќер

50-70 мл масло за готвење

малку сол (по вкус)

малку црн пипер (по вкус)

Подготовка:

1.1 пакување на шарени, а може и обични макарони се варат спрема упатството кое е дадено на нив и се оставаат уште 10 мин. во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат.

2.На зејтинот се пржи сецканиот кромид, се додава лукот.

3.Кога е убаво стаклено испржен се додаваат сецканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува.

4.Се додава доматното пире, магоносот, нането,биберот, морското оревче, ливчињта од ловор и се убаво се запржува.

5.На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган.

6.На исцедените макарони поливаме од сосот и послужуваме.

7.Може над нив да се изренда и сирење, ако сакате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement