Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Што прават успешните луѓе пред спиење?

Последното нешто што го правите пред спиење има значително влијание врз вашето расположение и ниво на енергија што ќе го имате следниот ден. Успешните луѓе знаат дека нивниот успех започнува и завршува со менталното и физичкото здравје за кое најважен е сонот и малите ритуали пред спиење, според Business Insider.

Еве што успешните луѓе обично прават пред спиење.

1. Читаат

Експертите се согласуваат дека навиката за читање пред спиење е многу добра. Читањето влијае на вашата креативност, го проширува вашиот ум и Ве опушта.

2. Медитираат

Само десет минути на медитација пред спиење го чисти вашиот ум и го релаксира вашето тело.

3. Размислуваат за денот кој е зад нив

Сумирајте го вашиот ден и присетете се на нешто добро што ви се случило. На овој начин , ќе се разбуди во вас позитивно чувство на благодарност.

4. Создаваат ” to-do ” листа за следниот ден

Направете листа од ваши обврски што мора да ги направите следниот ден и така од својата глава ќе се ослободите од непотребните мисли.

5. Забораваат на работа

Успешните луѓе целосно забораваат на работата пред спиење. Не проверувајте e-mail-ови и целосно исклучете го размислувањето за работните обврски.

6. Поминуваат време со саканите

Играјте со кучето , разговарајте со своите деца или партнер , така ќе се поврзете со оние што ги сакате, бидејќи тоа ќе создаде во вас чувство на блискост и позитивност.

7. Го планираат точното време за спиење

Испланирајте кога ќе одите во кревет и кога ќе станете, и точно одредете колку сон ви е потребен. Така ќе создадете здрав циклус на спиење.

8. Легнуваат со позитивно размислување

Без разлика колку вашиот ден поминал лошо, пред спиењето ослободете се од негативните мисли, за да започнете нов ден без песимизам.

9. Го замислуваат утрешниот успех

Пред спиење замислете позитивен исход на проектите на кои работите .

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Во текот на летото, телото губи повеќе течности поради високите температури и зголеменото потење, па затоа е важно да останете хидрирани. Иако пиењето доволно...

Four Seasons

Патувањето низ Европа не мора да чини богатство. Многу луѓе мислат дека треба да потрошите богатство за да посетите европски градови, но со добро...

____celebrity

Познатиот холивудски пар го помина викендот во Монако на трката во Формула 1, а заедничката фотографија од јахтата покажа дека нивната љубов не згаснала...

Green Tea

Еве како да отстраните мувла од ѕид. Мувлата на ѕидовите е чест проблем во многу домаќинства, особено поради влага, лоша вентилација, пукнатини во ѕидовите...

Advertisement