Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

Долгоочекуваниот последен дел од „Игри на гладните” ја доживеа својата премиера во Лондон

Долгоочекуваниот последен дел од „Игри на гладните” ја доживеа својата премиера во Лондон.

Снимен според истоимениот светски бестселер, „The Hunger Games:Mockingjay – Part 1” е првиот дел од последното продолжение на сагата за луѓето кои живеат во беда и се борат за парче леб.

Светската премиера ќе ја доживее на 21 ноември оваа година, а критиките за филмската адаптација се поделени. Многумина сметаат дека расцепкувањето на последниот дел од книгата и снимањето на два филма, „Mockingjay” дел 1 и дел 2 е и повеќе од непотребно и е наменето не толку за уживање на публиката, колку за богатење на извршните директори.

Како и да е, фановите со нетрпение го очекуваат продолжението од приказната за борбената Кетнис (Џенифер Лоренс), а во меѓувреме може да уживаат во нејзината убавина и сјај токму на премиерата во Лондон.

Џенифер се појави во креација на Диор и навистина блесна на црвениот тепих, како и многупати досега.

Во едно неодамнешно интервју Лоренс изјави дека она што ја воодушевило додека ја читала книгата е сознанието колку еден поединец може да биде моќен, колку многу значи еден глас кој има храброст да се издигне над топлата и да стане предводник во борбата за подобар живот.

Џенифер Лоренс блесна на премиерата на „Игри на гладните”, филмови, книги, бестселер, игри на гладните, Mockingjay, лондон, премиера

Џенифер Лоренс блесна на премиерата на „Игри на гладните”, филмови, книги, бестселер, игри на гладните, Mockingjay, лондон, премиера

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement