Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

4 изненадувачки употреби на аспиринот

Аспиринот како еден од најчесто користените лекови не само што ги намалува симптомите од разни видови болки, туку има и други помалку познати бенефити во домаќинството:

1.Го намалува првутот

Поради салицилната киселина која ја содржи, а е застапена и во многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против досадните бели лушпички.

Здробете 2-3 аспирини и помешајте ги со една рака (или помалку) шампон. Добро размешајте па смесата истријте ја на темето. Оставете да делува 3-5 минути па исплакнете.

2.Го смирува каснатото место од инсект

Благодарејќи на противвоспалителните својства, аспиринот успешно делува како облога врз искасани места од комарци и други инсекти.

Навлажнете ја таблетата аспирин и ставете ја да делува врз болното место неколку минути.

3.Отстранува дамки

За отстранување дамки од пот- измешајте во еден сад три здробени аспирини и половина чаша топла вода. Натопете го извалканиот дел од маицата и оставете да кисне најмалку два часа. Подоцна, исперете ја маицата.

Со истата мешавина можете да ги отстраните дамките од никотин на прстите од рацете. Нанесте ја смесата на дланките, убаво протријте ги дамките и оставете ги така, да делува аспиринот околу 15 минути. Потоа рацете темелно измијте ги.

4.Го поттикнува растот на билките

Аспиринот е корисен и за сите видови билки, без разлика дали се салонски или надворешни, бидејќи ги прави поотпорни и го подобрува нивниот раст.

Ако сакате да го продолжите животот на цвеќето во вазна, односно да се спречи појава на габички и мувла, додадете во водата еден аспирин.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement