Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ги излечите испуканите усни

Ништо не може да го уништи убавиот изглед на лицето како сувите, испукани усни. Ако се совршени ги привлекуваат погледите, а кога се испукани исто така привлекуваат погледи, но зачудени. Покрај тоа, бидејќи се преполни со нервни завршетоци, испуканите усни умеат и тоа како да болат.

ki1013

Испукани усни без оглед на тоа колку убав облик имаат, сигурно нема да предизвикаат восхитени погледи.
Промените на времето, ветрот, ниските надворешни температури се вистински непријатели на усните. Покрај ветрот и студот, усните пукаат и заради дишењето на нос, заради одредени лекови со кои се лечат акните, дехидрираност на телото и друго. Без оглед на причината, еве како да ги излечите испуканите усни за тоа повторно да не ви се случува.

ki10131

Навечер, додека ги миете забите, исчеткајте ги и усните за да се ослободите од сувите и оштетени делови. Правете го тоа со меко четче за заби и кружни покрети, зошто така ќе ја подобрите и циркулацијата на усните. По масажата ставете на уните мед и оставете го да делува 10 минути. Така кожата на усните ќе биде поеластична. Кога ќе го тргнете медот, намачкајте се со балзам кој во себе има витамин Е, а посебно се добри бадемовото масло или маслото од јојоба.

ki10132

Ова е посебно добро да се прави навечер, бидејќи тогаш кожата на усните најдобро се регенерира. И не заборавајте дека со годините, кожата на усните станува потенка, исто како и другите делови на кожата на лицето и телото. Потенки стануваат и самите усни. Тоа е нормален, природен процес, но доколку усните ги негувате, подолго време ќе ви бидат убави.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement