Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

За жената повисокиот маж значи поголема сигурност и сила

Жените сакаат повисоки мажи, бидејќи потсвесно ги доживуваат како подобри борци – открило истражувањето на Универзитетот Јута. Во еволуциска смисла, тоа ги прави покорисни за жените. Од перспектива на теоријата за сексуална селекција, жените ги привлекуваат посилни мажи и тоа затоа што можат да ги заштитат и нив и нивните деца – тврди водителот на истражувањето
Дејвид Кариер.

Научниците откриле дека нашите праисториски предци удирале најсилно доколку стоеле на две нозе и дека токму борбата била движечката сила за еволуциско исправено одење.

„Порано во човековата историја, висината им помагала на мажите низ борба да стекнат пријатели и да ги одбранат своите ресурси и потомство. Ако е тоа вистина, жените за партнери секогаш бирале високи мажи, бидејќи имале поголема способност за преживување“ – вели Кариер.

Мажите удираат посилно доколку удираат од горе надолѕ, а ударците на повисоките мажи се многу посилни отколку оние на пониските.

Претходно некои научници утврдиле дека жените повеќе сакаат повисоки мажи, бидејќи висината укажува на „добри гени“. Но, Кариер со тоа не се согласува, бидејќи тогаш би важела претпоставката дека и мажите ги привлекуваат високи жени.

„Мажите секогаш се привлечени од жени со просечна висина или пак дури и од пониски жени“ – заклучува Кариер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement