Вие сте на некое бизнис патување, малку сте подзапалени а тој е дома.
Технологијата постои со причина. Пратете му некоја заводлива порака и видете дали ќе ви одговори. Ако одговори јавете му се. Опуштете се и започенете со она што го носите на сабе. Со милозвучен секси глас опишете ја долната облека која ја имате на себе. Сега веќе можете да ја употребите и фантазијата.
Раскажувањето на фантазиите и со тоа што тој ќе биде вовлечен во целата приказна може навистина многу да го возбуди. Ќе бидете изненадени од тоа колку отворен и експлицитен одговор можете да добиете, а вие можете да се најдете себеси со зборови кои никогаш до сега не би ги кажале или слушнале!
Еве неколку совети:
бидете искрени и отворени
не глумете
употребете ја вашата фантазија
слободно воздивнувајте
Оваа игра е одлична за давање меѓусебни идеи за понатаму, а ова можете да го примените и во пракса додека сте дома.
Прекрасно е да разговарате и да ги споделите сексуалните фантазии преку телефон.
Но внимавајте вашата сметка да не ви приреди вистински шок!

You must be logged in to post a comment Login