Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Негувајте го лицето со млеко и бадемово масло

Брчките настануваат со природниот процес на стареење, под влијание на стрес но и поради сува кожа. Поради тоа, доколку не сакате лицето да ви остаре премногу рано, би требало да обратите внимание на негата која ќе ви помогне да го успорите незастанувачкиот процес и да ги ублажите знаците на стареењето.

Делот на лицето кој заслужува посебно внимание е пределот околу очите, носот и устата, бидејки ова подрачје бара силна гидратација. Постојат неколку работи кои можете да ги направите за своето лице за да ги средите постоечките брчки и да ја одржите кожата млада, но потребно е овие совети да ги практикувате секојдневно, за по неколку години да ги видите правите резултати и да имате затегната кожа.

Ладно млеко – Една лажица ладно млеко  измешајте со неколку капки сок од лимета и оваа смеса добро втријте ја на брчките пред спиење. Наутро измијте се со топла вода, па потоа уште еднаш втријте го во спротивен смер на брчките. Чекајте 30 минути и измијте се, без сапун.

Папаја – Внатрешноста на зрела папаја втријте ја на лицето и оставете да делува половина час, а потоа измијте се. Освен што добро делува на брчките, папајата е многу добар тоник за лицето.

Бадемово масло – Одличен ефект ќе добиете ако втиете бадемово масло на брчките. Нека делува во текот на целата ноќ, а наутро измијте се со топла вода.

Мед и павлака – Измешајте лажица мед со лажица павлака, добро соединете ги и смесата нанесете ја на лицето. Оставете да одстои 20 минути и потоа измијте се.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement