Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

За сите татковци! Како да се зближите со своето бебе?

По раѓањето на бебето, сигурно ќе имате многу работи кои ќе треба да ги завршите надвор од вашиот дом – да го пријавите вашето бебе, набавка на потребните намирници и сл. Во првите неколку месеци сосема нормална појава е да ја ‘’испитувате територијата’’ и да избегнувате да останете насамо со вашето бебе, поради тоа што оваа ситуација ви е непозната и сеуште имате страв поради тоа.

Пробајте да го совладате стравот така што повеќе време ќе поминувате со вашето семејство. Потрудете се да и помогнете и на вашата сопруга околу завршување на работите кои таа ги има околу бебето, па бидете и од помош кога треба бебето да го пресоблечете, избањате, заспиете …

Запознајте се со своето бебе

Запознајте се со вашето бебе за да ви биде полесно. Држете го во раце, гледајте го во очи, смејте му се и зборувајте му. Набљудувајте ги неговите реакции, мазете се, а кога ќе порасне сигурно ќе продолжите заедно да се забавувате!

Поминете време насамо со вашето бебе

Ова ќе биде корисно како за вас, така и за вашата сопруга, за да може да си посвети малку време и на самата себе. Доколку поминувате некое време насамо со бебето, треба да  научите како да ги забележувате неговите потреби, кога нема никој околу вас за да ви помогне.

Запомнете дека секое дете е специфично и дека секое дете на свој начин ги покажува знаците дека е гладно, измочано или пак едноставно бара да му се обрне внимание. Поради тоа можете да смислите некои интересни работи кои би ги правеле кога ќе бидете сами со бебето, за да може и на двајцата да ви биде интересно.

Побарајте помош од најблиските

Немојте да се плашите да побарате помош, бидејќи може да се случи да не знаете да направите одредени работи или пак не знаете како да реагирате во одредена ситуација. Се разбира дека мајката знае најубаво како да го смири бебето, но потрудете се и вие да научите како треба тоа да се прави. Немојте однапред да се откажувате, напротрив покажете упорност и бидете трпеливи.

Слушајте ги советите од останатите татковци

Сигурно имате некој роднина, пријател или пак сосед кој што може да ви открие неколку “мали тајни” поврзани со татковството. Можете да поразговарате со нив, да побарате совет за некои работи. Немојте да се срамите од тоа, бидејќи и тие биле во иста ситуција во која вие денес се наоѓате.

Без разлика каков совет ќе добиете сигурно ќе може да ви користи за одредени ситуации и во пронаоѓањето на ваша соспствена стратегија како вие ќе се зближите со вашето бебе.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement