Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Дали љубовта ја уништува сексуалната страст во врската?

Глeдано од страна љубовта би требало да биде совршен посредувач за секс. Односно ако двајца се сакаат многу, тогаш сексот би требало да им биде одличен. Но, изгледа не е така. Трејси Кокс која е сексолог, вели дека интимните чувства и блискост, можат можеби и во целост да ја уништат сексуалната страст.

Според д-р Трејси кога двајца се заљубени и разменуваат емоции, сексот паѓа секогаш на второ место. Пријателството во врската е обратно пропорционално со сексот – вели д-р Трејси. Имено, што поголема емотивна блискост се намалува сексуалната страст и сексот не е баш добар како што би сакале да биде.

Доста е иронично тоа што партнерите кои се помеѓу себе навистина блиски и со сигурност се сродни души, да имаат најлош секс помеѓу себе. Зошто? Затоа што нивната блискост и неверојатна поврзаност ќе ја уништи хемијата помеѓу нив … вели д-р Трејси.

Научниците сеуште немаат ништо конкретно научно докажано што би можело да го објасни ова. Сепак постојат различни тези едната е таа дека партерот својата партнерка ја доживува како дел од своето тело, односно негова втора половина, што воопшто не оди во прилог на лачењето на хормоните кои ја стимулираат желбата за секс.

Сепак сите научници се согласуваат дека спротивностите се привлекуваат, па и мажот и жената треба да си ја одиграат својата улога така што и физички и психички ќе си ги нагласат спротивностите и карактеристиките, како би можело сексот да биде доволно добар и делотворен како и нивната љубов.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement