Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Охрабрувајте ги вашите деца да ги следат своите соништа

Сосема е во ред да посакувате голем успех во животот на вашите деца. Сосема е во ред да посакувате дури да ве надминат во работата, школувањето и да изградат здрав и стабилен живот. Но, запрете тука и запрашајте се: За што сонуваат вашите деца?

Никој не може да каже дека вашите деца нема да успеат дури и ако тоа се спротиставува целосно со она што вие го работите.

Помогнете им на вашите деца да си го пронајдат своето место во светот:

Охрабрувајте ги да ги следат своите соништа, а не вашите – Запрашајте се: Дали вашето дете посетува некоја активност бидејќи чувствува страст кон истата или вие го сакате тоа?

Истражувајте што навистина сака – Посетувајте разни активности од уметноста па се до економијата и медицината и видете на што најмногу вашето дете ќе покаже интерес.

Што ако вашето дете е талентирано? – Без разлика дали станува збор за музика или сликарсто,не заборавајте дека има детство. Оставете го да ужива во безгрижноста. Талентот е тука и може да го одржува со умерена работа.

Не смеете да бидете разочарани – Ако детето има поинакви визии од вашата кариера или бизнис, тоа е сосема во ред.

Дозволете му – Нека се образува и нека го надоградува знаењето од областа што искрено ја сака.

Секој нареден чекор што ќе го преземете во врска со вашето дете потсетете се токму на оваа фотографија:

roditeli-ne-zaboravajte-vasite-deca-imaat-svoi-sonista-02

Не дозволувајте сите соништа да се распрснат. Сетете се колку гордо се чувствувавте кога балоните од детската игра нежно чекореа по земја. Дозволете им го тоа и на детските соништа.

Родители, не пробувајте да го промените вашето дете – охрабрете го и дајте му ја вашата подршка. Вие сте му најпотребни без разлика на сè.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement