Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да го искористите вазелинот во служба на убавината?

Вазелинот е еден од најевтините производи за убавина. Секој може да си го дозволи и може да послужи како замена за многу креми и други скапи производи за нега на косата и кожата.

Иако има многу примени, малкумина знаат за неговите придобивки по однос на убавината, па затоа и ретко го користат.

За што сè може да послужи вазелинот?

Отстранува шминка
Лосионот или млекото за чистење на лицето од шминка може слободно да го замените со вазелин. Нанесете тенок слој на парче памук и нежно поминете по лицето. Вазелинот ќе ја собере целата нечистотија од лицето и ќе ја отстрани шминката. Потоа само исплакнете го лицето со млака вода.

За убави усни
Испуканите усни за кратко ќе бидат нежни благодарени на вазелинот. Нанесете тенок слој вазелин на усните и оставете да отстои 10 минути. Потоа, со четка за заби (нова, не со онаа која ја користите за забите!) нежно поминете неколкупати по усните. Постапката повторете ја уште еднаш до два пати истиот ден, во зависност од тоа колку многу се испукани усните. На овој начин ќе се отстрани грубата и испукана кожа, а усните ќе бидат нежни и меки.

За убава коса
Расцветаните врвови на косата може да се третираат со вазелин. Наместо регенератор, на врвовите нанесете малку вазелин кој ќе го спречи делењето на влакното, а косата ќе добие убав и здрав сјај.

За убави трепки
Пред спиење нанесете малку вазелин на трепките. Постапката повторете ја уште еднаш по две недели. Вазелинот ги обновува трепките и го поттикнува нивниот раст, па ќе имате убави и подолги трепки.

Вазелинот е одличен за сите делови од телото каде кожата е груба, а сакате да ја обновите и омекнете. Лактите, петиците, дланките, секаде каде имате испукана или груба кожа мачкајте се со вазелин кој за кратко време ќе делува благопријатно на кожата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement