Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ја изберете вистинската нијанса на црвен кармин?

Никогаш не излегува од мода, еве како да ја изберете вистинската нијанса:

Проверете ја базата – Секој црвен кармин има жолтеникаво-портокалова, сина или неутрално црвена база. Најдобриот ефект се постигнува со сина база, зошто го намалува жолтилото на забите. Еве како да ја препознаете сината база: повлечете три линии со сите три нијанси на карминот и тоа на внатрешноста на раката, покрај вените. Сините вени ќе ви помогнат да го изберете карминот со сина база.

Кармин во склад со тенот – Црвениот кармин со сина база не стои на темна кожа, зошто ќе направи вашиот тен да изгледа пепеласто. Затоа за црномурестите најдобар избор е црвена боја со неутрална база.

Избегнувајте сјај – Црвениот сјај за усни нема да ги покрие и интензивира усните, нема да го постигнете ниту ефектот за побели заби.

Користете моливче за усни – Изберете моливче во нијанса која ќе му одговара на карминот. Моливчето ќе ја нагласи бојата, ќе спречи карминот да се разлева и ќе го задржи подолго на усните.

Пред да го купите карминот – пробајте го на усните – А доколку не сте во можност да го пробате на усните, тогаш исцртајте линија во близина на крвните садови зошто тоа е најсличната нијанса со вашите усни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement