Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Домашна крема против целулит

Да направете домашна крема против целулит воопшто не е тешко. И што е важно, таквата крема е многу поефикасна од купените препарати против целулит. Домашната крема против целулит, направена по овој рецепт, ќе ги покаже првите резултати веќе после 7 дена употреба. Оваа крема е идеално средство во борбата “портокаловата кора”, а исто така е ефикасна и во борбата против стрии.

Состојки:

–        Било каква детска крема – 100 ml

–        5-6 таблети мумијо

–        20 капки етерично масло од портокал

–        Етерично масло од цимет 3-5 капки

За припрема на домашната  антицелулитна крема најдобра е детската крема, бидејки не содржи никакви штетни додатоци. Има идеален состав на масност и влага.

Таблетите мумијо многу често ги користат не само во борба против целулит, туку и кај стриите. Мумијо ја затегнува кожата, ја зголемува нејзината еластичност, правејки ја мека и свиленкаста.

Припрема на кремата е многу едноставнa

Во тегла (не помала од 150 ml) ставете 100 ml детска крема. Потоа додајте 5-6 таблети во прав мумијо и измешајте. Таблетите мумијо држете ги во фрижидер, полесно се ситнат. Додајте 20 капки етерично масло од портокал (или од цитрон) и не повеќе од 5 капки масло од цимет.

Сите состојки темелно измешајте ги, поклопете и оставете да одстојат 8-10 часа. Потоа, повторно измешајте. Вашата домашна крема е спремна за употреба. Не заборавајте да ја затворите теглата после секоја употреба на кремата.

За постигнување на најдобар резултат потребно е кремата да се истрие секојдневно во проблематичните делови на телото, со силни движења. Првите резултати ќе ги видите после 7 дена. Рок на употреба на кремата е 3 недели. Потоа направете нова.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement