Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

ФЕНОМЕНОТ ДЕЖАВУ: мистерија која сите барем еднаш сме ја доживеале

Додека едни тврдат дека дежаву е последица на потиснато сеќавање, други велат дека тоа се случува поради реинкарнација.

1

Преведено од француски déjà vu“буквално значи „веќе видено“, а опишува феномен во кој поединец одненадеж добива чувство дека знае што следно ќе се случи или како веќе да ја има доживеано ситуацијата во која се наоѓа, веќе го посетил тоа место или го вкусил нештото.

 

Во продолжение читајте теории за потеклото на дежаву-то

Научниците имаат неколку теории за тоа од каде доаѓа „веќе виденото“. Така конгнитивните психолози сметаат дека станува збор за одамна заборавени делови на сеќавања кои во својата основа се пријатни, а следбеници на Фројд тврдат дека се работи за потиснати сеќавања од детството во кои егото на поединец потсетува на неговото минато и скриени стравови.

 

Нешто побизарно гледиште имаат парапсихолозите кои велат дека дежаву е резултат на сеќавања од минатите животи, пред реинкарнација во овој живот. Сепак најчесто е прифатена тезата за тоа дека се работи за аномалија на памтењето во кое гледаме нешто слично, па тоа не потсеќа на заборавеното.

 

Подврсти на „веќе видено“

 

Presque vu

Со ова се опишува состојба во која нешто ни е „на врв на јазикот“.Имаме чувство дека ќе се сетиме или изговориме нешто многу важно.

 

Deja etendu

Го означува она што веќе сме го слушнале, односно сигурни сме дека знаеме за што се зборува, иако неможеме да се сетиме кој и кога ни го има раскажано.

2

 

Deja senti

Се темели на веќе преживеани чувства, односно ни се чини дека во минатото во некоја ситуација идентично сме се чувствувале, но неможеме да се сетиме на детали од тоа.

 

Deja vecu

Означува облик на дежаву во кој со сигурност знаеме што следно ќе се деси.

 

Deja visite

Се однесува на точно препознавање и снаоѓање по место во кое никогаш не сме биле, но од некои причини ни е познато.

 

Кое од наведените најчесто ви се случува?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement