Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Хит фризури со плетенки

Плетенките секогаш оставаат посебен впечаток. Колку е поизвртена, толку повеќе внимание привлекува. Може да ја дополнувате и со разни шноли, венчиња и марами за да ви одговара во одредена пригода.

Може да си направите свечена плетенка за на некоја прослава или обична лежерна за секој ден.

Уште една придобивка на плетенката е што и откако ќе ја одврзете имате повторно нова фризура, бидејќи косата ќе ви биде брановидна, па може да ја оставите развеана на ветрот или да ја соберете во бујно опавче.

Следете ги чекорите и направете си ја омилената летна плетенка:

1. Плетенка со пунџа е одлична свечена фризура која многу лесно може да ја направите, исто како да сте биле на фризер. Доволно е од едната страна да одвоите подебел прамен кој ќе го поделите на три и ќе направите плетенка, а остатокот од косата ќе го соберете во пунџа околу која ќе ја заврзете плетенката.

1

2. Торбичка од плетенка може да си направите и за секој ден, но и за некоја свечена прилика, зависно со каква шнола ќе ја украсите. Соберете ја целата коса во опавче спуштено на вратот. Поделете го на два дела и од двата направете плетенки, кои потоа ќе ги соберете како мала торбичка нагоре и ќе ги прицврстите со украсна шнола.

2

3. Цветната плетенка е одлична како дневна опуштена фризура. Одберете некое цветно венче со ластик околу главата, ставете го околу темето, а целата коса сплетете ја во лабава плетенка. Протнете ја околу венчето и полека растегнете ги прамените и прицврстете ги со тенки црни шноли околу венчето.

3

4. Плетенка 3 во 1 е многу лесна и интересна фризура. Соберете ја цела коса на една страна, поделете ја на 3 дела и од секој сплетете по една плетенка. Сите 3 плетенки сплетете ги во една.

4

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement