Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Домашна витаминска вода: Пијалок за кој копнее секој стомак

Вода со вкус и ветувачки состојки кои за задача имаат да го одржуваат фит изгледот на телото се всушност преполни со засладувачи кои на организмот оставаат поголема штета отколку што му користат. Доколку сте едни на кои вкусот на обичната вода не им одговара, а сакате да уживате во витамински освежителни пијалоци, ви прикажуваме рецепт за домашна вода на која посебно ќе биде благодарно варењето но и стомакот.

Состојки:

–        2 литри вода

–        1 лажица свежо рендан ѓумбир

–        2 краставица средна големина

–        1 лимон

–        12 листови нане

Припрема:

Краставицата и лимонот исечете ги на плочки, доколку имате домашни плодови пожелно е да ги искористите со кората. Исечените плочки ставете ги во стаклен сад и додајте ги останатите состојки и сето тоа прелијте го со вода. Мешавината сместете ја во замрзнувач и оставете така да одстои најмалку 8 саати, но повремено на неколку саати потребно е нежно да промешате. Состојките во домашната витаминска вода имаат посебно делување на стомакот, бидејки го смирува варењето и со тоа го ослободува телото од собраните токсини.

Лимонот е познат дека е во изобилие со витамин Ц, ја подобрува работата на јетрата одговорна за прочистување на организмот. Краставицата содржи 90 пропценти вода од која се ослободуваат состојки заслужни за детоксикација на телото. Ѓумбирот помага за одржување на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува грчевите и помага против мачнина. Нането стимулира за согорување на масните наслаги, помага во елиминација на токсините од телото, а исто така ги ублажува болките во стомакот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement