Доколку сте на одмор и сте заборавиле да понесете крема против изгореници од сонце, не грижете се, имаме решение за вас.
Вода
Како што знаете водата ја хидрира вашата кожа и ја прави еластична и мека, така што доколку сте изгореле, пијте повеќе вода за да ја рехидрирате внатреноста на телото.
Јогурт
Познато е дека изгорениците од сонце ги ублажува јогурот или киселото млеко кое лади и смирува, влажни и ја враќа природната pH вредност на кожата. Нанесете јогурт на изгорениците и оставете го да делува 15 минути.
Мед
Медот, исто како и јогуртот, смирува и ги обновува оштетените келии на кожата. Нанесете го на изгорениците и оставете да делува 20 минути.
Јагоди
Јагодите се богати со витамин Ц кој е најважен производител на колаген кој ја смирува кожата. Направете кашичка од неколку јагоди и ставете ја на болното место.
Компир
Компирот содржи скроб кој има можност да ја извлече топлината од кожата и да ја смири болката бидејќи делува како аналгетик.
Зелен чај
Танинската киселина која се наоѓа во зелениот чај помага при регенерација на оштетената кожа.

You must be logged in to post a comment Login