Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Камерон Диаз е среќна што нема деца… Еве зошто!

Камерон Диаз (41) не планира да има деца. Во интервјуто за августовскиот број на магазинот ”Esquire” Камерон открива зошто одлучила да нема деца. Многумина се чудат зошто некои жени се одлучуваат на овој потег, но причините кои ги наведува Камерон се многу едноставни.

Децата се огромна обврска. Тоа се личности за чии животи станувате одговорни исто како за својот. Заради тоа ми е полесно. Бебето станува осумнаесет годишна обврска. Животот без деца е поедноставен, но тоа не значи дека одлуката е лесна и едноставна. Се поставувам заштитнички кон луѓето, но никогаш ништо не ме привлекло да бидам мајка. Полесно ми е отколку на другите, но имам и јас тешки денови. Јас сум тоа што сум. Го правам она што сум. Моментално го сакам мојот живот. Постигнав многу и повеќе од тоа не ми е ни толку важно, изјавува Диаз.

Во својата нова книга, во која зборува за тоа дека треба да научиме како да го сакаме своето тело, таа објаснува дека се помирила со фактот дека старее. Во интервјуто изјавила дека некои работи за неа станале поедноставни откако влегла во четириесетите.

Ми се допаѓа тоа што имам 41 година. За многу глупости веќе и не размислувам. За стравот во основа. Ова се најубавите години. Жена на оваа возраст знае што како функционира и не се грижи за старите глупости. Едноставно престанува да се плаши. Воопшто не и е важно што мажите мислат. Мирна е – изјавила Камерон.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement