Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Еве како да направите сами масло за сончање

Летото пристигна, а со него одмор, плажа, сонце… Направете сами масло за сончање коe истовремено ќе ве штити и ќе ја негува кожата.

Продавниците се полни со разни средства за сончање, но вие можете и сами да направите.

Восок и масло – Потребно е:

–        ½  шолја бадемово или маслиново масло

–        ¼  шолја масло од кокос

–        ¼ шолја пчелин восок

–        2 лажици цинк оксид (се продава во аптеките)

–        2 лажици путер од кари

–        Екстракт од ванила или некое етерично масло по желба, за мирис

Подготовка: на тивок оган ставете го маслото, путерот и восокот. Кога ќе се олади додајте цинк оксид (внимавајте да не дишете дел од прашината). Сето тоа добро измешајте го. Користете го пред излегување на сонце, а рокот на траење е 6 месеци.

Масло и алое вера – Потребно е:

–        Половина шолја алое вера гел

–        20 капки масло од шаргарепи

–        Пет лажички масло од пченичен скроб

–        Лажица масло од коноп

–        Пет капки масло од лаванда

Подготовка: Измешајте ги сите состојки. Пред употреба добро протресете го, а рокот на траење е исто така 6 месеци.

Кога купувате растителни масла, обрнете внимание на тоа да не се нерафинирани и ладно цедени. Во спротивно, имаат помал заштитен фактор.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement