Ова лето е 30 годишнината од оригиналните „Ghostbusters“ серии, и по тој повод, SONY објави дека оригиналниот филм ќе биде вратен во кината на 29-ти Август. Според „Enterteinment Weekly“, реизданието ќе се прикажува низ 700 кина во Америка, додека студиото работи на издавање на „ Ghostbusters “ и „ Ghostbusters 2“ на Блу-Реј, на 16-ти Септември.
„ Ghostbusters е сеуште една од нашите омилени франшизи во студиото“ изјави Рори Бруер, претседателот на Сони. „Имав доволно среќа да работам на првото издание и затоа со нетрпение чекам да видам како филмот сеуште се поврзува со пбуликата насекаде“. И во кината и во домашни услови, ова е одличен филм за да се искуси уште еднаш“.
Со гласините дека ќе има и трето продолжение од филмот, можно е студиото да планира да го објави сето тоа, заедно со објавувањето на новиот филмски директор на прославата за 30 годипнината. Како и да е, фановите сега имаат шанса да ја гледаат оваа класична комедија на големите платна, онака како што беше наменета да биде видена.

You must be logged in to post a comment Login