Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Подобрете го сексуалниот живот

Заведете го повторно

Ништо не ги возбудува мажите повеќе од тоа кога една жена ги заведува и предизвикува, особено ако тоа се прави во јавност каде што тие не можат да направат ништо. Предност на оваа ситуација е фактот кога ќе дојдете во вашата спална соба, вашиот партнер ќе прави “чуда”.

Глумите странец

Ако се преправате дека штотуку се имате запознаено, тоа во голема мера ќе ви помогне во вашиот љубовен живот. Партнерите гледаат од друга страна, а тоа ќе ви помогне да сватите дека вашата сакана личност сеуште е привлечна.

Превземете иницијатива

Ако сте расположени и чуствувате потреба за секс, направете го тоа! Луѓето понекогаш сакаат да иницираат секс, бидејќи мислат дека нивниот партнер е премногу уморен или исцрпен. Но, тоа е погрешно. Ако нешто посакате, тоа остварете го и во тоа уживајте. Изненадете го својот партнер еден ден, “украдете “ го од секојдневните обврски на час или два. Тоа би можело да биде добро искуство, кое, кога ќе се вратите дома може да продолжи во спалната соба.

Секси порака

Интернет на луѓето им помага во многу аспекти во нивниот живот, па земете за право да го искористите за да го зачините вашиот сексуален живот. На вашиот партнер можете да му испратите мејл со експлицитна содржина.

Заборавете ја реалноста

Ако вие и вашиот партнер сте премногу зафатени за да се посветите еден на друг , најдете време за одмор. Иако на вас работата ви е приоритет, морате да најдете рамнотежа во животот. Земете слободен викенд и одете каде што можете да се одморите и опуштите и да заборавите на секојдневниот живот и вратете се на страстите во вашиот сексуален живот.

Изненадете го

Ако никогаш не сте направиле нешто “безобразно”  со својот партнер, време е тоа да се промени. Жената на саканиот маж може да изненади со посебен танц , а партнерите можат да ги почастат со секси долна облека.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement