Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Деловен бонтон: Што треба да знаете за однесувањето на работното место

Дали сте запознаени со правилата за деловен бонтон? Многумина ќе одговарат да, но всушност бројни истражувања покажуваат дека голем број луѓе не знаат прикладно да се однесуваат на своето работно место. Озборуваат, нељубезни се, премногу ја откриваат својата приватност… Сè се тоа однесувања за кои би можеле да платите висока цена.

Тивко околу унапредувањето

Ако шефот ви понуди унапредување или покачување, славете! Среќната вест споделете ја со своите најблиски, но не и со колегите од работа. Ним можете да им кажете само и исклучиво доколку ве прашаат. Почекајте веста да биде официјална и до тогаш не зборувајте ништо во врска со оа на работа. Ако колегите подоцна ви замерат за тоа, тоа веќе е нивни проблем.

Помалку озборување, повеќе работа

Трачевите се составен дел од секоја работна околина, но тоа не значи дека и вие мора да учествувате во нив. Не дозволувајте си себеси да бидете доживувани како некој кој повеќе сака да трачари отколку да работи. Дури и кога на дневен ред е озборување на колегата кого навистина не го сакате, задржете го достоинството, но и јазикот. Трачарењето никому не носи ништо добро.

Приватното нека остане приватно

Секако дека најблиските колеги знаат барем дел од она што ви се случува во приватниот живот, но поставете си себеси граници во поглед на она што ќе го откривате. Дозволено е да кажете дека имате дечко и дека сте среќни, но нед е озволено да прераскажувате детали од вашиот кревет или од кавгите. Нека вашата интимност остане токму тоа – интимност.

За пари едноставно не се зборува

Во многу компании, договорите забрануваат разговори во врска со платите, но не се само платите забранета тема. Не би требало да зборувате ни за своите долгови, кредити и слични праични потешкотии. Тоа се ваши лични проблеми, па затоа задржете ги за себе, дури и кога другите зборуваат за нив.

Бидете пристојни

Независно од тоа дали ви се допаѓаат колегите и претпоставените или не, мора да бидете пристојни. Поздравувајте, заблагодарувајте се кога е потребно, насмевнувајте се и бидете професионални. Вашите колеги од работа не мора да знаат дали вие имате добар или лош ден. На работа нема место за вашата приватна лутина или за другите проблеми.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement