Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Јајца, масло, восок од пчели, чудесен мелем кој лекува многу болести

Со ова можете да лечите бронхитис, чиреви, отворени рани на рацете и нозете, воспаление на јајниците, изгореници, но и воспаление на синусите. Состојките за чудесниот мелем прилично брзо од руски интернет сајт се проширија низ цел свет. Кремата е едноставна за подготовка, а освен тоа е корисна за лечење на повеќе болести.

Состојки:

–          1 јајце, сварено претходно затоа што ви е потребна само жолчката истолчена

–          400 мл растително масло, маслиново или некое друго кое го поседувате

–          60 грама восок од пчели

Подготовка:

Во лонец ставете масло, но во него потопете мало парче восок на не многу силен оган. Кога ќе слушнете пукање, половина од жолчката додадете ја во маслото со восок. Тоа ќе почне да се пени, па бидете спремни за брзо отстранување на лонецот од оган. Кога ќе се олади малку, повторно вратете го на оган и продолжете со мешање, додадете го останатиот дел од жолчката се додека смесата не стане темно кафена. Тогаш тргнете ја од оган и оставете 20 -тина минути да одстои. Процедете ја низ газа, а трошките од жолчката исфрлете ги. Кога маста ќе се олади, ставете ја во тегла. Во фрижидер може да стои и до десет месеци.

Кога мелемот ќе го користите против запаление на синуси, потребно е малку да ја натопите и да капнете во нос, а тоа ефикасно ќе ги пробие синусите и ќе го повлече цел гној.

Ако имате проблеми со бронхитис или чирови, конзумирајте половина лажица од овој мелем три пати на ден пред секој оброк.

Во случаи на изгореници, забоболка или рана нанесете ја на болното место. Мелемот ќе ги зајакне и ноктите, исто така лечи и хемороиди. Имајте само на ум на восокот од пчели мора да биде природен.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement