Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Жените владеат со бизнис светот

До 2020 година, жените ќе сочинуваат повеќе од педесет проценти од доларските милионери во светот – тврдат експерти од британскиот „Центар за економија и бизнис“.

 

Денес, уделот на претставничката на поубавиот пол е само една десетина од листата на најбогатите луѓе на планетата.

Сепак, експертите се убедени дека жените, поради подолгиот животен век, им се закануваат на мажите, а постојат и други предности: одговорност во водењето на работите и послината врска на десната и левата хемисфера во мозокот.

 

Дали човештвото го очекува ера на нов матријархат? – прашуваат експертите.

 

Прв фактор за женската бизнис експанзија е светскиот пораст на бројот на разводи и склучување на договори за развод во корист на жените.

 

Вториот фактор е големиот просечен животен век на жените (80-81 година во однос на 76 години на мажите).

Заклучоците на британските истражувачи поддржуваат и резултати од други истражувања.

 

Според последните податоци, бројот на млади жени за кои професионалната кариера е најважнаиот животен приоритет го надминал бројот на мажи кои размислуваат на ист начин!

 

Жените сè почесто превземаат професионална одговорност. Вложувајќи половина помалку инвестиции, жените инвеститори се во состојба да извлечат за 20% повеќе профит отколку мажите.

 

Во последните 30 години просечниот приход на мажите скокнал за 0,6%, а кај жените овој показател изнесува дури 63%?!

 

Научниците ја истакнуваат силната врска на десната и левата хемисфера на женскиот мосок – поточно, женскиот пристап кон бизнисот и решавањето на проблемите е покреативен и поинтуитивен.

 

Освен тоа, во последно време жените изразуваат поголема желба за знаење.

 

Се забележува дека на разни курсеви и тренинзи, во првите редови се жени.

 

Тенденцијата на зголемување на улогата на жените во економијата и бизнисот е опѓта. Таа ги опфаќа дури и муслиманските земји.

 

Во светот расте и образовното ниво на жените – сега на универзитетите студираат многу повеќе жени отколку мажи.

 

Во последната деценија процесот е значително забрзан. Сè повеќе позиции кои се однесуваат на раководење на големите корпорации и финансиските институции им припаѓа на жените, наведуваат експертите..

 

Денес, ако се погледне кој ги заменува раководителите на големите корпорации, меѓу нив, во главните и споредните улоги, голем број се талентирани бизнис жени.

 

 

Денес, сопственоста на најбогатите жени во светот се проценува на 30 милијарди долари – станува збор за голем акционер во козметичката компанија “Loreal” Лилијан Бетанкур.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement