Време на подготовка: 35 минути / ќе послужите: 4
- 250 грама шитаке печурки, тенко сецкани
- 250 грама среден аспарагус, исечен и преполовен по должина
- 4 млади кромитчиња, исецкани
- ¼ шолја маслиново масло
- Лимонова кора од 1 лимон
- ¼ шолја вода
- 4 филети од лосос, без кожа
- Сол и бибер, по желба
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 250 степени. Припремајте сад за печење и поставете 4 хартии за печење, доволоно да се затворат филетите.Измешајте ги печурките, аспарагусот и кромитчето во голем сад, посипете со маслиново масло и кората до лимон и зачинете.
Чекор 2
Прво од сместа отстранете ги стебленцата од аспарагусот, поставете ги на хартијата, вертикално. Врз нив поставете филет од лосос и на врв посипете со мешавината од печурки, прелејте со 1 лажичка со вода. Повторете го тоа со сите 4 парчиња. Затворете ја хартијата на сите страни, да се добијат 4 пакети во форма на пола месечини.
Чекор 3
Печете ја рибата затворена околу 9 минути. Полека отоврете ги пакетчињата внимателно. Послужете ја рибата со половинки од лимон.

You must be logged in to post a comment Login