Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

5 вештини поради кои ќе посакаат да ве вработат

Мислите дека е доволно само да сте добри во она што го работите и дека тоа ќе ви обезбеди вработување? Тоа е неспорно. Но, со оглед на тоа дека има многу луѓе кои се исто толку способни колку и вие, или дури и повеќе, кои се поискусни, имаат подобри врски… Како да се натпреварувате со нив?

 

Вам можат да ви користат и некои вештини кои не можат да се научат во училиште, вештини за кои не постои диплома.

 

5. ПРАВИТЕ ОДЛИЧНО КАФЕ

 

Дружељубиви сте

 

Можеби не баш буквално, иако и кафето игра значајна улога, но во секој случај, прашањето е дали умеете со луѓето. За луѓето да ве слушаат, потребно е да го привлечете нивното внимание и тие пријатно да се чувствуваат покрај вас. Дали умеете да смирувате страсти? Дали умеете да ги засмејувате луѓето? Како „мајстор за кафе“, можете да ги направите луѓето среќни така што ќе ги замените на работното место кога не им се станува од кревет на врнелжлив ден. Или, вие ќе бидете таа која ќе дојде на работа во недела наместо колешката. Помнете ги туѓите родендени, учествувајте во организацијата на прослави…

 

 

4. ЗБОРУВАТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

 

Сте слушнале за онаа „колку јазици зборуваш, толку луѓе вредиш“. Заедно со тоа доаѓа и способноста за комуникација со луѓето од најразлични поднебја, разбирање на најразлични култури… Понекагаш контактите со странците главно ги имал директорот, додека денес е сосема спортивно. Секој од вработените може да се најде во ситуација да треба да разговара со колега од странство.

 

 

3. УМЕЕТЕ ДА УЧИТЕ

 

Не ве мрзи да учите, и понатаму да се усовршувате. Но, важно е да знаете да учите, бидејчи најголемиот предизвик во денешниот свет е прилагодување на промените.

 

 

 

2. ОДЛИЧЕН ПРОДАВАЧ СТЕ

 

Без разлика дали продавате канцелариски материјал, облека или прашок за перење, книги, вести, информации, тоа бара посебна моќ на убедување… Во секој случај, секокаш постои конкуренција, и затоа и вештината на продавање е енда од најценетите во денешното општество.

 

 

1. КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ

 

Работата на компјутер денес е задолжителна, без разлика за која работа станува збор (во 99% од случаите). Но, уште згора на сè знаете да програмирате, вам ви се отворени вратите. Покрај тоа, земјаќи во предивд дека една компанија во главно не штеди на IT секторот, имате големи можности за понатамошно усовршување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement