Pete Doherty и Carl Barât ќе се обединат со концерт во Лондон на отоврено на 5 Јули
Вест која ќе ги израдува фановите на бендот, кои чекаа со години да го слушнат ова.
И официјално гласините се потврдени дека ќе имаат концерт во Хајд Парк на 5 Јули. Концертот ќе биде дел од Barclaycard British Summer Time concerts кои ќе се одржуваат во Јули. Тоа ќе биде најголемо шоу кое бендот го имал во последните 4 години.
Подршка ќе им биде бендот Pogues, најпознати по хитот Fairytale of New York.
И покрај разделбата во 2004 поради недоразбирања, бендот кој беше формиран во 1997 година од Pete Doherty и Carl Barât, заедно со Gary Powell и John Hassall имаа обедидинување и во 2010 година за Reading and Leeds фестивалот.
Гласните почнале после интервјуот кое Doherty го имал за Израелскиот весник Ynet, дека им е понудено да свират на шоуто и дека потврдил дури го контактирал и Carl но не го добил.
Doherty моментално живее во Париз, потврди дека обединувањето на стариот бенд е претежно од финансиски причини, но дека имал моменти и на носталгија кога на YouTube ги гледал старите видео од бендот.
И другиот член Barât имал позитивна потврда за обединувањето.
