Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

Погледнете што се случи на крајот на серијата „How i met your mother“

Во деветтата и последна сезона на приказната на Тед кој на своите деца им раскажува за својот љубовен живот, фановите на серијата конечно дознаа која е мајката на неговите деца.
По девет години емитување, конечно искочи и последната епизода на популарната серија „How i met your mother“.  Во  последна епизода на приказната на Тед кој на своите деца им раскажува за својот љубовен живот, фановите на серијата конечно дознаа која е мајката на неговите деца.

Доколку не сте ја гледале последната епизода и не сакате да знаете што се се случи, тогаш подобро е да не го читате понатамошниот текст.  За оние нестрпливите, откриваме што се случи на крајот.

Како што и предпоставуваа фановите, мајката на децата на Тед, Трејси Меконел е мртва. Трејси по скадниот брак и хармоничниот живот со Тед, починала од неочекувана болест.

Заводникот Барни по неговиот развод, повторно се враќа на заведивање на девојки, само за да направи дете со некоја од нив. Во текот на породувањето, тој се заљубува во девојката, а потоа гордо позира со нивното бебе.

Маршал и Лили и понатака се во брак, а Маршал конечно добива адвокатска работа за која што од секогаш мечтаеше. Овој пар добива уште едно дете, а по тоа конечно се преселија во нов стан.

Протагонистите на серијата со солзи се опростија од публиката. Во текот на емитувањето имавме прилика да видиме познати ѕвезди како Бритни Спирс, Џенифер Лопез и Кејти Холмс.

На линкот можете да ја погледнете последната епизода од серијата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=yK0vCXdvw5Y

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement