Иако овие вести не се некое големо изненадување, земајќи ги во предвид возбудувањета што серијата ги предизвика со предходните сезони, “HBO” веќе официјално нарача уште две сезони од „Game of Thrones“.
Веста доаѓа по рекордната гледаност на премиерната епизода од новата сезона, со 6.6 милиони гледачи само во Америка, 2.2 милиони повеќе од премиерната епизода од третата сезона.
По репризата прикажана подоцна истата вечер, филмот беше виден од 8.2 милиони фанови само во Америка, правејќи ја оваа епизода НАЈгледаната на HBO, титула која предходно ја носеше само финалната епизода од Сопранови.
Режисиерите D.B. Weiss и David Benioff скоро потпишаа договор за снимање на уште две сезони од серијата, со шпекулации дека можно е да бидат и 7 или 8 сезони.
Во меѓувреме, фановите можат да се релаксираат, неплашејќи се дека нивните омилени карактери нема да бидат тука уште долго…. или барем серијата ќе биде тука за сигурно. Сите мажи мора да умрат, после се.
httpv://www.youtube.com/watch?v=J5iS3tULXMQ

You must be logged in to post a comment Login