Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Тајната на Петте Тибетанци: Вежби чии ефект до сега никој не го оспорил (Видео)

Стари се четири илјади години и до ден денес се сочувани во својот изворен облик, толку се благотворни што се уште немаат сериозна конкуренција, пет пози или Пет Тибетанци се вежби кои морате га ги воведете во својот животен стил и ритам. Не само што истегаат, го подигнуваат енергетското ниво, ги стимулираат жлездите со внатрешно лачење и сите седум чакри, туку го зајакнуваат имунитетот и при тоа не се ни малку тешки.

За почеток за целата серија ви се потребни само ТРИ минути, подоцна најмногу 16.

1. Застанете исправено со рацете испружени од страна. Прстите држете ги заедно, дланките се отворени и свртени надолу, стопалата се во ширина со рамената. Свртете се еден цел круг во правец на стрелките на часовникот. Додека се вртите треба длабоко да вдишете и издишете. Еден круг е едно повторување. Доколку почувствувате мачнина, а во почетокот и ќе почувствувате, по завршувањето на сите свртувања, застанете со испружени раце и фокусирајте се на споените палци додека да пројде таа непријатност.

2. Лежете на грб на рамна и тврда подлога. Испружете ги нозате, рацете се припиени до телото со дланките свртени према подот. Издишете низ нос, дигнете ги нозете ( малку преку 90 степени ) и подигнете ја главата така да што повеќе ќе се приближите кон градите. Полека преку издишување спуштете ги главата и нозете.

vjezbe-efekte-nije-osporio-2

 

 

3. Клекнете со исправени стопала потпрени на прстите. Колената нека бидат малку одвоени, а карлицата израмнете ја со грбот. Рацете ставете ги на задникот, а брадата спуштете ја према градите. Преку издишување виткајте  ја главата што повеќе наназад. Накратко задржете го здивот и потоа преку издишување вратете се во првобитната положба.

4. Седнете со испружени нозе. Дланките допрете ги на подлогата во ширина со куковите, а карлицата исправена, главата е наведната на градите. Вдишете, подигнете ги колковите и свиткајте ги колената, главата спужтете ја према подот така да направите мост. Задржете се кратко во оваа положба и потоа со издишување се враќате во почетната седечка положба.

5. Почнете ја вежбата придржувајќи го телото на испужени раце, со дланките и стопалата потпрени на подот. Главата ви е исфрлена наназад. Со испружени раце и нозе, вдишувајќи подигнете ги колковите, а главата ставете ја на градите со цел да направите позиција во форма на триаголник. Преку издишување се враќате во почетна положба. Сем дланките и стопалата, за време на изведување на вежбата телото не смеете да го спуштите на подот.

Правило кое треба да го следите:

Најдобро време за вежбање е наутро, половина час откако ќе се разбудите и пред појадокот. Првите седум дена работете по три повторувања на секој позиција. Потоа втората недела четири, третата пет и се така додека не дојдете до бројот 21. Тоа е бројот на повторувања кој треба да го почитувате се додека ги работите Тибетанците.

httpv://www.youtube.com/watch?v=1_jSnv1gjyk

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement