Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

10 совети за да бидете среќни

“Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни, и уште почудно тоа што често баш тоа малку ни недостасува!”, Иво Андриќ.

Немој пасивно да ја чекаш среќата. Прави го следново:

  1. Не се споредувај со другите, особено не со пријателите од Фејсбук и останатите социјални мрежи, бидејќи поголемиот дел од нив таму лажно се претставуваат и го прикажуваат само најдоброто од нивниот живот.
  2. Не зборувај негативно за другите луѓе. Не критикувај, туку пофали некого кога за тоа постои причина. Насмевката и доброто расположение се пола пат до среќата.
  3. Спиј најмалку осум часа во текот на ноќта.
  4. Не ги задржувај емоциите, лоши или добри. Плачи, смеј се, секогаш кога за тоа ќе почувствуваш потреба.
  5. Научи да кажеш не – недвосмислено.
  6. Најди време во текот на денот, барем еден час, да се посветиш на себе и своите потреби.
  7. Во ништо не претерувај.
  8. Живеј во сегашноста – немој да жалиш за минатото, немој да се грижиш пред време.
  9. Посвети се на другите, колку тебе ти одговара, а не колку што другите очекуваат од тебе.
  10. Уживај во мали работи.

Некои трчаат по среќата, други ја создаваат. Кога животот ќе ти приреди илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement