Новопечените родители се еден од најомразените типови на луѓе на Фејсбук. Постојат страни кои дури се потсмеваат на нивната состојба како и оние кои ги блокираат сите слики од бебиња на друштвените мрежи. Постојат и одредени стручни лица кои ги учат родителите како и што да објавуваат на друштвените мрежи. Сепак, познавачите трвдат дека новопечените родители не се најлоши на друштвените мрежи.
Најновото истражување покажало дека мајките објавуваат помалку постови откако ќе се роди бебето споредено со периодот пред да се роди. Тие постови во главно се однесуваат на бебето, ама како детето расте така се намалуваат и постовите врзани со него.
Резултатите од истражувањето покажале дека многу мајки не го споменуваат детето по име кога објавуваат пост на друштвените мрежи.
Во ова истражување не се вклучени татковците па затоа не се рачуна како целосно.
Замислете дека имате приател кој поставува, од време на време, нешто врзано за храна, а од друга страна родител кој секоја година ве моли да гласате за неговото дете на Интернет избор за најубаво дете. Вие не кликате кај другарот кој постира за шпагети и пити, ама ќе кликнете за најубаво бебе. Ако кликнете и гласате, Фејсбук тоа го памти и го регистрира дека тоа не нешто што го сакате. Потоа ќе добивате се повеќе сугестии и предлози врзани за бебиња, а гулашот и сармичките ќе се тргнат на странa.

You must be logged in to post a comment Login