Дали сте знаеле дека унапредувањето на работа е начин на кој компаниите сакаат да кажат: “Ние веруваме во вашиот потенцијал и вредности и се надеваме дека ќе го реализирате својот целосен потенцијал и ќе придонесете за подобрување на компанијата.”
Но, пред да го добиете унапредувањето и повисоката плата, неколку работи треба да се случат:
- Треба да ја знаете својата вредност и начинот на кој вие можете да придонесете за вашата компанија.
- Треба да бидете сигурни во себе и да ги знаете вашите можности.
- Треба да изградите круг на пријатели и сојузници, како и луѓе кои имаат позитивно влијание врз вас.
- При остварување на претходниве три точки, треба да испратите суптилна порака до вашите шефови дека нема да бидете таму, ако тие не сакаат да ви надоместат адекватно за сите напори и работа.
Но, мора да внимавате да не работите премногу и да не изгорите на работа. Тоа е дефинитивно најлошиот совет што некој може да ви го даде за напредување на работа.
Прекумерната работа може да има спротивен ефект.
Прекумерната работа нема никаков ефект кај унапредувањето, а дури може и да ги намали шансите за самото унапредување. Ако немате доволно верба во себе и во начинот на кој што вие можете да и помогнете на компанијата, нема воопшто да биде важно колку долго сте таму и колку напорно работите. Нема да бидете нити приметени нити унапредени.
Тие што успеваат да напредуваат во кариерата, што добиваат унапредување, бонуси не работат дење и ноќе. Наместо тоа, тие имаат разработен систем. Учат како компанијата функционира и го шират својот круг на познаници. Тие набљудуваат кои се клучните играчи во фирмата, учат од нив и ги негуваат своите пријателства. Тие создаваат слика за тоа дека и се потребни на компанијата.
Покажете дека сте вредни, ама немојте да изгорите на работа.
Престанете да мислите дека е потребно да се чувствувате преморено за да бидете унапредени, луѓето који добиваат унапредување не се чувствуваат под притисок, бидејќи така нема никогаш да ги убедат своите менаџери да им ја доверат новата работа.
Добро проценете за што е навистина вредно да се трудите.
Бидете паметни и бирајте ги приоритетите, бидејќи на тој начин во фирмата ќе приметат дека за некои работи повеќе се ангажирате, сметајќи ги за повеќе важни. Секако дека некогаш ќе мора да се остане до доцна, да се помачиме да ги завршиме сите работи, да одговараме на мејлови и да немаме слободен викенд. Но внимателно бирајте кога сето тоа ќе го правите. Пробајте ова да го примените во својата кариера и сигурно далеку ќе стигнете.


You must be logged in to post a comment Login