Време на подготовка: 1 час и 10 мин / ќе послужите: 6
o 8 супени лажички путер
o 1 чаша брашно
o ½ супена лажичка прашак за пециво
o ½ супена лажичка сол
o ¾ чаша шеќер
o 3 јајца
o ½ супена лажичка екстрат од бадем
o 1 кесичка замрзнати вишни
o ½ чаша бадеми, исецкани
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 200 степени. Промешајте го брашното, прашокот за пециво и ставете ги настрана.
Чекор 2
Измиксирајте го путерот и шеќерот, додека смесата не се изедначи. Додадете ги јајцата во оваа смеса и продолжете да миксирате. Потоа, додадете ја и смесата со брашното.
Чекор 3
Префрлете ја смесата во тавата за печење, која претходно ја премачкавте со путер. Додадете ги вишните и бадемите одозгора. Печете 45 до 50 минути, а за да проверите дали е испечена употребете чепкалка за заби со која ќе ја прободете тортата. Доколку чепкалката излезе чиста, значи тортата е готова.

You must be logged in to post a comment Login