Сигурно забележавте дека сезонава на модните писти доминира фризура што всушност не диктира некаков посебен стил. Оваа пролет и престојното лето ќе поминат во знакот на ноншалантната, малку разбушавена и мнoгу, многу откачена, anti-cut фризура која е милиони километри далеку од претерано стилизираните и волуменозни прамени на Кејт Мидлтон и Никол Шерцингер.
Привлечноста на anti-cut фризурите се крие во ставот и пораката што тие ја пренесуваат. Со нив ќе изгледате на девојка што би рекла: „Ич не ми е гајле. Само што се одлепив од креветот, а сепак косата ми изгледа феноменално“. Овој изглед е вистинска противтежа на замазнетиот и брановиден стил што доминира на црвениот тепих во Холивуд. Многу познати личности веќе почнаа да го прифаќаат, од Алекса Чанг до Кејт Мос.
Иако на прв поглед делува дека воопшто не мора да се трудите околу оваа фризура, не е баш така. Потребно е прецизно потшишување, тапирање и стилизирање, но сиот вложен труд дефинитивно се исплати.

You must be logged in to post a comment Login