Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како да ја подигнете кариерата на повисоко ниво – совети од Робин Шарма

Робин Шарма, автор на светскиот бестселер Калуѓерот кој го продаде своето Ферари напиша неколку кратки совети како да ја подигнете кариерата на повисоко ниво. По неговата средба со еден од најмоќните бизнисмени во Англија, Ричард Брансон, Робин ги сумираше впечатоците од разговорот и ги обедини во 10 совети, за кои гарантира дека даваат сјајни резултати.

1. Важно е да бидете љубезни. Ричард Брансос не секогаш љубезен. Тој спомена дека кога бил дете, ако критикувал некого, мајка му го поставувала дома пред огледало и му велела: “Тоа што го гледаме во другите е всушност она што го гледаме во себе. Затоа погледни во огледало. Тоа го научило на клучни лидерски особини, во луѓето да го бара најдоброто и да ги охрабрува нивните вештини и таленти.

2. Бидете независни. Кога Ричард имал само четири години, неговата мајка го запрела возилото и го упатила сам да го пронајде патот до нивниот дом, оддачен со километри. Со 12 години мајка му го испратила со велосипед да ги посети роднините кои живееле на оддалеченост од преку 150 километри. Ричард посочил дека овие искуства од неговото детство се многу важни, а кои неговата мајка ги препознала како начин да ја подигне самодовербата кај него и да изгради непобедлива внатрешна сила која покасно му послужила како претприемач.

3. Остави сé – само направи го тоа! Она што прави една голема компанија (и успешен живот), не е само инспиративната идеја, како неуморното и беспрекорното вршење на големите идеи. Како што Едисон еднаш рекол: “Генијот е 1% инспирација, а 99% пот. Ричард не крие дека голем дел од неговиот успех доаѓа од неговата филозофија која ги занемарувала сите оние кои му велеле дека неговиот сон е невозможен. Запомнете: невозможно е само ако не пробате. Тој е човек со голема страст за акција, и таа страст го води кон остварување на неговата цел.

4. Секогаш пофалете ги вашите вработени. Работејќи со многу од најдобрите претпиемачи во светот, Ричард увидел дека секој од нив не може ништо да направи сам. Убаво е да имате храбра визија, но вистинскиот клуч е во пронаоѓање на генијално талентирани луѓе кои вашата визија ќе ја спроведат во дело. Ако пронајдете просечни луѓе, тогаш и вашиот успех ќе биде просечен. Ричард потврдил дека на добрите вработени, за да бидат добри, потребна им е и вистинска мотивација. Совет: Неуморно фалете ги вашите вработени, и развивајте ги, вложувајте во нив – инспирирајте ги вашите луѓе!

5. Бидете радикален иноватор. Уште на почетокот, додека бил мал претриемач кој со 16 години започнал со малиот студентски весник “The Student”, ги занемарувал сите правила. Некако успеал да го придобие Џон Ленон да изработи посебна песна за него. Ја ставил песната на посебен диск и го спакувал во весникот, веднаш покрај интервјуто кое го направил со легендарната рокенрол ѕвезда. Во Вирџин Атлантик на патниците им подарувал масажа. Навистина кул, иновативно, поинакво.

6. Изградете свој бренд. Ричард Брансон е бренд. Тој е свесен за она за кое неговото име и неговата компанија Вирџин се синоним. Забава. Висока вредност. И затоа во секоја пригода го истакнува тоа за кое што се залага.

7. Пронајдете го вашиот остров Некер. Обрнете внимание: Брансон платил 300.000 долари за неговиот посакуван остров Некер. По посетата на Карибите, тој и неговата тогашна девојка се заљубиле во островот кој тогаш вредел 4 милиони долари. Но, тој никогаш не се откажал. (Никогаш не ја потценувајте моќта на желбата кај големите цели). Неколку месеци покасно, сопственикот имал потреба од пари. Брансон издејствувал одлична понуда. Поентата е во следното: во овој свет на бучава и комплексност, пронајдете го вашиот личен простор (па дури и ако тоа е една клупа во паркот) каде ќе може да се повлечете во сопствените мисли + да ја разбудите креативноста + да се одморите.

8. Среќните победуваат. Самите ја ствараме нашата среќа. Сé е кажано.

9. Не работете ако не ви е забавно. Брансон е речиси постојано насмеан. Се смее со природна насмевка и зрачи од среќа. Не постои сомнеж дека го сака својот живот, бидејќи во него постои сé што него го прави среќен. Лекција за сите нас: животот е прекраток за да работиме нешто кое ја тишти нашата душа и не уништува. Ова е најдобро време во светот за да станете претприемач. Пронајдете ја работата која ја обожавате, и зафатете се со менување на светот.

10. Со богатството доаѓа и одговорност. Ричард спомена дека со големо богатство доаѓа и голема одговорност. Затоа, многу од времето го вложува во Џирџин Јунајт, фондација која им помага на децата на кои најмногу им треба помош. Тоа го потсети Робин на нешто што го научил од неговиот татко преку зборовите на големиот поет Тагоре: “
Робин, кога ти се роди, плачеше, а светот се радуваше, живеј го животот на таков начин што кога ќе умреш, светот да плаче , додека ти се радуваш.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement