Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Денес е Светскиот ден на насмевката: Насмевнете се и разубавете го светот, себе си и другите!

Нека ви биде среќен Светскиот ден на насмевката и ви посакуваме што повеќе да се смеете во 2014 година!

Кога ќе се насмевнете на некого, 9 од 10 луѓе ќе ви возвратат со насмевка, а со тоа ќе го разубавите денот барем на двајца!

Смеењето активира 15 мускули на лицето. Како возрасни се смееме по 17 пати на ден во просек, а најмладите тоа го прават околу 300 пати дневно.

Што е смеењето?

Вистински изгубен ден е денот кога не си се насмевнал!

Оној што не знае да се смее, за него животот ја изгубил радоста и свежината, а оној што се смее од срце, тој не може да има зла душа!

Користете ја секоја шанса за да се насмевнете. Тоа е најефтиниот и најсилниот лек!

Не престанувате да се смеете бидејќи станувате возрасни – станувате возрасни затоа што престанувате да се смеете!

Не можеш, а да не го сакаш човекот што умее да те насмее!

Што се случува кога се смееме и зошто е важно тоа да го правиме почесто?  Насмевката ќе ти даде десет години повеќе живот! Ова е древна кинеска поговорка. Обично во народната мудрост има многу повеќе вистина отколку во повекето научни истражувања…зошто поговорките се темелат на илјадници години искуство. Неслучајно разликата помеѓу знаење и мудрост е голема.
Кога се смееме во телото се лачи ендорфин, хормон на среќата, што го зајакнува имуниот систем, а тоа го прави организмот отпорен на влијанието на различните фактори.
Има статистики кои докажуваат дека луѓето кои се смеат повеќе и гледаат позитивно и ведро на животот, боледуваат поретко од останатите и се реализираат поуспешно во сите сфери.
Позитивното мислење е мислење со акцент и вера во добрата страна на нештата, а не нереален розов филтер!
–        Чашата е до пола полна,
–        Грешката е лекција, а не доказ за неспособност,
–        Проблемот е предизвик и уште една шанса да си докажеш на себе,
–        Темнината е неопходна, за да ја откриеме светлината,
–        Ако една врата се затвори се отвара друга,
–        Секој крај е нов почеток,
Тоа е принципот на позитивното мислење. Погрешно е да се смета дека оптимистите се луѓе кои немаат потешкотии, проблеми, болки, загуби или дека си ги затвараат очите и не гладаат. Тоа се само луѓе што се смејат повеќе, ги прифаќаат перипетиите како нормален дел од животот.  Песимистите се фокусирани на негодување за што треба и не треба, а тоа реално го продлабочува секој проблем и не го решава.
Насмевката го намалува стресот и штити од болести на срцето и крвните садови, потврди најновата студија посветена на оваа тема.
Експертите откриваат дека насмевката го намалува нивото на стрес и го намалува срцевиот ритам, додека човекот извршува тешки задачи. Експертите ги анализирале последиците од различните видови насмевки во тешки ситуации.
Авторите на студијата ги поделиле насмевките на две категории – стандардни насмевки кои ги активираат мускулите околу устата и искрени насмевки кои ги ангажираат мускулите околу устата и очите.
И еве накратко за резултатите од експериментот:  Во споредба со луѓето со неутрален изглед на лицето, учесниците кои се смееле имале многу постабилен и нормален пулс после опоравувањето од стресова ситуација на која сите учесници биле подеднакво изложени.
Според д-р Пресман откритието покажува дека насмевката по време на кратка стресова ситуација може да помогне за намалување на интензитетот на стресовата реакција на телото независно дали човекот навистина е среќен.
Затоа секогаш кога ќе ви биде тешко и кога сте лошо расположени, насмевнете се неколку пати пред огледало. Ништо не губите, насмевката е безплатна и многу моќна!
 
 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement