Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како ќе го препознаш вистинскиот џентлмен?

Нема да зборуваме за манири. Да бидеш џентлмен не значи само да ја отвориш вратата или да го земеш палтото на жената. Тоа е менталитет! На тој начин ти само ја изразуваш почитта. И ова е огромен плус при освојувањето на женските срца. Прво мислете потоа дејствувајте како вистински господин. Еве како.

Џентлменот секогаш работи. Не само поради финансиски интереси. Туку да се развие себе. Да сретне нови луѓе, да научи нови нешта. За него нема срамна работа! И секогаш е страстен во она што го прави.

Џентлменот нема потреба од физичка демонстрација на надмоќ! Освен кога е неизбежно. Инаку, ова е за комплексарите. Џентлменот е дипломат. Особено кога е со жена. Тој не би ја изложил на опасност.

Не чека другите да му ја завршат работата. Дури и за најелементарните работи.

Џентлменот ја задржува ладнокрвноста. Колку и да го налутат, никогаш нема да експлодира јавно. Особено со противник жена. Ниту ќе си дозволи употреба на цинични и навредливи зборови. Побрзо ќе се обиде да ги смири тензиите и да го реши проблемот со нормален разговор.

Стои на својот збор. Ако договорил час и место на средба, ќе биде таму точно во секунда. Ветувањата се закон за него. Само нешто навистина сериозно би му попречило да ја исполни својата обврска.

Тој ги почитува другите. Џентлменот не суди според потеклото, финансиската состојба и полот. Ги почитува луѓето такви какви што се. Никогаш нема да слушнете да се истакнува себе, споредувајќи се со одредена личност.

Џентлменот ги прифаќа жените како еднакви. Кога станува збор за способности. Инаку е свесен дека сепак ние сме “поубавиот пол”. Но се грижи за својот изглед, за да може една дама да се чувствува пријатно во негово друштво.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement