Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Зошто убавите жени се сами?

Истражувањата покажуваат дека во светот постојат се повеќе осамени жени, кои поседуваат убавина, стил, кариера, но поради некоја причина не успеваат да го привлечат вниманието на посилниот пол, туку само погледи, воздишки, насмевки, комплименти и тука приказната завршува.

Во преполните барови и клубови, честa “декорација” се преубавите девојки и жени, кои радосно разговараат, додека ја зафрлуваат косата наназад, флертуваат со мажите околу нив, сакаат да заведуваат и да бидат заведени, но до крајот на вечерта никој од нив не приоѓа и сите се враќаат дома, на самотијата.

Француските експерти објаснуваат дека проблемот лежи токму во “скоцканата” дама, бидејќи резултатите од истражувањето покажуваат дека мажите повеќе не наседнуваат на штикли, фризура, облека, шминка, нивниот вид е презаситен од супер средените убавици кои ги гледаат секој ден во списанијата, на ТВ, на улиците, па поголемо внимание обрнуваат на скриената убавина, шарм, женственост, поглед.

Психолозите од Париз во истражувањето ги прашаа студентите: Што е тоа кај жените што ги освојува мажите?

Младите мажи набројале многу особини, а убавината се нашла на четвртото место, додека на фризурата и стилот на облекување речиси не обрнувале внимание. Девојките, напротив, биле убедени дека на мажите им е апсолутно најважен изгледот на девојката, а веднаш потоа и каква им е косата, облеката, парфемот… Очигледната поделба во одговорите е доказ зошто убавиците самуваат, тврдат експертите.

Американските психотерапевти тврдат дека повеќето жени не се свесни за изразот на нивното лице и впечатокот кој го оставаат на мажите. Посилниот пол не ја забележува нијансата на карминот, ниту најновата маскара која најверојатно ги нагласува трепките, но го забележува мрштењето и “киселото” лице. Таквиот израз е типичен за убавиците, дури и кога пешачат по улица беспрекорно дотерани, несвесно упатуваат дрзок поглед, како моделите на модна писта и ги одбиваат додворувачите, бидејќи не делуваат женствено туку ратоборно.

Чекајќи го замислениот, совршен принц на бел коњ, жените често остануваат слепи пред љубовта која им ја нуди “обичниот смртник”, бидејќи не се свесни дека баш со него би можеле да доживеат убава бајка.

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement