Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Стресот дебелее: Зошто се прејадуваме кога сме под притисок?!

Кога сме под стрес, се јавува потреба за нездрава храна, се таложат вишок на маснотии во клучните делови на телото, а со самото тоа и покрај сите напори да ги намалиме гилограмите, ние всушност се дебелееме. Погледнете како се случува тоа!
Преоптеретеноста со работа и многубројните дневни обврски, значително влијаат на тоа како се храниме, а со самото тоа и на здравјето. Ако веќе подолго време безуспешно се обидувате да ги изгубите вишокот килограми, запрашајте се да не сте можеби под влијание на неконтролиран стрес.
Хроничниот стрес е еден од непријателите на секоја диета и создава контраефект, па потребно е да најдете начин на кој можете да ги елиминирате или намалите стресните ситуации во животот. Еве што се стресот прави на нашиот организам…
Стресот го забавува метаболизмот
Метаболизмот е коктел од различни хормони кои се лачат во нашето тело. Кога сите хормони се во добри комбинации, органи и телесни функции (на пример, варење или регулација на шеќер во крвта) работат беспрекорно , ние се чувствуваме одлично.
Хроничниот стрес го нарушува производството на хормони и на тој начин го забавува метаболизмот. Адреналин и кортизол се појавуваат во големи количини, а токму тие се заслужни за забавување на телесните функции заслужни за согорување калории, масти и шеќери.
kilogrami
Стресот предизвикува глад
Грелинот е хормон одговорен за чувството на глад, а лептин за чувство на ситост. Кога некој е под стрес, телото го зголемува нивото на грелин. Поради тоа често ви се случува колку и да јадете, да не почувствувате ситост. Така се внесуваат повеќе калории отколку што е потребно, а тоа се несаканите килограми.
Стресот ја зголемува желбата за брза и нездрава храна
Покрај тоа што се создава чувство на глад, стресот исто така предизвикува конзумирање на нездрава и брза храна, богата со масти и шеќери. Кога ќе јадете некоја од овие намирници, ги негувате хормоните на среќа и наградување. Првично ќе се чувствувате подобро, но што ќе престане ефектот на задоволство, ќе се јави потребата за нова доза на слатки или брза храна. На тој начин се паѓа во маѓепсан круг, сличен како кај луѓето кои поради апстиненциска криза консумираат дрога.
hrana
Стресот го нарушува шеќерот во крвта
Инсулинот е хормон одговорен за регулирање на шеќерот во крвта. Кога сме под хроничен стрес, телото ја губи способноста за регулирање на инсулинот, што може со тек на време да доведе до бројни проблеми. Покрај тоа што телото ја здржува маснотијата, се јавува и неконтролирано губење или растење на гликоза во крвта, и автоматски доведува до необјаснива желба за брза храна и  масти. Ова е главна причина зошто луѓето кои се на диета, посегнуваат по нешто што ќе предизвика контраефект.
Стресот создава масти на стомакот
За време на хроничен стрес се ослободуваат големи количини на кортизол, а тоа води кон таложење на маснотиите во стомакот. Дури и ако вагата покажува дека губите килограми, можно е од стрес да се јави “пивски стомак” кај мажите или несакани перничиња околу половината кај жените.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement