Состојки:
500 гр бело брашно
1 пакетче квасец (околу 10 гр)
300 мл вода
Главица лук
Помал врзоп свеж магдонос
10 гр сол
1 лажица маслиново масло
Едноставно направете тесто од брашно, квасец и вода и дозволете да го дуплира волуменот. Во меѓувреме се вари во вода лукот околу 10 до 15 минути, додека не омекне.
Ситно исецканиот магдонос додадете го во садот со лукот. Додадете и лажица маслиново масло и добро испасирајте. Мешавината од лук, магдонос и сол се додава во тестото и се меша додека равномерно не се распореди низ целото тесто.
Оставете тестото да отстои 2 до 3 часа, промесувајќи го секој час. Се обликува по желба и се остава уште еднаш да нарасне пред печење. Се пече на 220 степени од 25 до 30 минути.


You must be logged in to post a comment Login